Доколку наскоро се ближи вашиот најубав ден, тогаш сега е вистинското време да започнете со потрагата по совршениот фустан.

Ако сте од оние невести кои не размислуваат премногу за фустанот, односно не обожаваат долги прошетки и барање на вистинскиот, тогаш high street брендот Асос го има решението за вас.

Тимот дизајнери создаде одлична нова колекција венчаници кои покрај тоа што изгледаат уникатно и неверојатно романтично, цените на истите се совршени!

Ова беше нешто за што брендот одамна говореше дека ќе се случи, но сега конечно можеме да ги погледнеме и резултатите.

До крајот на овој месец во нивните продавници ќе бидат донесени сите 18 модели венчаници, а тогаш истите ќе бидат поставени и на нивната онлајн страница од каде без проблем ќе може да си го нарачате оној што ќе го одберете.

Покрај фустаните, брендот за сите невести нуди и неверојатни чевли, украси за коса, накит и чанти, а она што е најдобро од сѐ се дефинитивно цените.

Најскапиот целосен изглед за невеста вклучувајќи ги фустанот, чевлите и модните додатоци, нема да чини повеќе од 250 британски фунти.

Во новата колекција брендот смести повеќе различни модели, почнувајќи од романтична тантела, елегантни комбинезони, па се до лелеави долги фустани од свила.

Погледнете!

Објавено:
10 март 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.523 пати