Кул невеста во авангардна венчаница – дизајн на Елена Лука

15 август 2018

Венчалниот фустан носи посебна симболика. Неговата посебност е во приказната која ја раскажува... Таа ѝ припаѓа единствено на невестата. Затоа, венчаницата секогаш треба да биде одраз на карктерот и индивидуалниот стил на невестата – само така нејзината симболика станува комплетна. Индивидуалниот стил не трпи компромис и токму затоа секогаш неповторливи и највпечатливи се оние венчаници што се уникатни исто како и невестата која ja носи.

Во овој контекст, вниманието ни го привлече прекрасната Надица, која како невеста одлучи да остане доследна на својот авангарден имиџ и кога е во прашање венчалниот фустан.

Нејзин избор беше ателјето на нашиот моден бренд Елена Лука, препознатлив токму по исклучителниот авангарден дизајн и кога се во прашање венчаниците.

Елена Лука за Надица креираше екстравагантна венчаница во која истовремено е отсликан нејзиниот темперамент и карактер, со акцент на впечатливите детали и богатата рачна изработка кои едноставно комплетната слика ја прават совршена.

Кројот ја потенцира нејзината силуета, со шармантна комбинација со транспарентни делови. Рачно аплицираните детали и богатата тантела му даваат дополнителен печат на корсетираниот горен дел, додека долниот волуменозен дел е потенциран со карнери што важат за една од водечките тенденции сезонава.

Комплетниот невестински изглед добива совршен финиш со посветено одбраните модни детали.

„Изработката на венчаницата беше најзабавниот процес досега. Резултатот беше врв. Одличната соработка на целиот тим на Елена Лука резултираше со венчаница соодветна на мојот карактер и изглед. Нема ништо поубаво од тоа да се чуствуваш своја на најважниот момент од својот живот. Ви благодарам Елена Лука за остварување на сонот", ги сподели со нас импресиите прекрасната Надица.

Фото: Art production

Објавено:
15 август 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
8.473 пати