Либанска свадба со тунел од милион цвеќиња

21 јули 2017

Дневната доза луксуз повторно доаѓа од Либан. Неодамна на својот Инстаграм профил, дизајнерот Зухаир Мурад се пофали со уште една своја луксузна креација.

Се работи за венчален фустан во златна боја, украсен со многу скапоцени камења. Без разлика дали сакате или не ваква естетика, несомнено ова ќе ве фасцинира, особено ако земете предвид колку материјал и работни часови биле вложени во оваа креација.

Веројатно поради ексклузивноста, за двојката се пласирани многу малку информации. Она што е познато е дека имињата на младенците се Јусуф и Јасемин, а веселбата е одржана во „Suite Hotel“ во Бејрут.

Пред да ги погледнете фотографиите, ви го презентираме видеото во кое ќе видите како една голема сала без било што во неа станува простор од соништата.

 

A post shared by Paul Nasr (@bypaulnasr) onJul 15, 2017 at 1:45pm PDT

 

Инаку, за потребите на украсувањето, во форма на тунел, биле искористени милион цвеќиња.

Од она што досега сме имале можност да го видиме, најбогатите свадби дефинитивно се во Русија и Либан. 

Уживајте во фотографиите:

 

фото извор: brightlightimagephotography.com; Instagram;

Објавено:
21 јули 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.577 пати