For Love & Lemons ја имаат најубавата долна облека за невести!

8 април 2015

Романтичниот моден бренд и еден од најомилените на девојките ширум светот, For Love & Lemons оваа сезона ја нуди најубавата долна облека за невести.

Бидејќи токму долната облека е исклучително важна за денот кога ќе го кажете судбоносното „да“, тие нудат парчиња за сечиј вкус.

Талентираните дизајнери од брендот оваа пролет создадоа буквално сѐ од долна облека почнувајќи од наметки со натпис „bride“, па сѐ до секси корсети, шармантни градници, тантелни и свилени маички, жартели и што уште не.

Цените на парчињата почнуваат од 50 долари по парче, па сѐ до 200 за најскапите во колекцијата. Во истата се вклучени околу 16 прекрасни и секси парчиња со кои дефинитивно ќе го израдувате сопругот на првата брачна ноќ и на медениот месец!

Колекцијата на неодоливите For Love & Lemons можете да ја најдете на нивната онлајн страна и на платформата REVOLVEClothing.com.

Во галеријата подолу погледнете ја одличната кампања на брендот и сите парчиња од колекцијата.

Објавено:
8 април 2015
Категорија: 
Бела соба