Кога ќе помислите на совршената свадбена прослава, веројатно помислувате на магична церемонија во некој голем дворец во Италија со фантастична природа и многу цвеќиња.

Токму таква свадба изминатиот викенд имаше прекрасната актерка Џесика Честен која го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот избраник, италијанскиот гроф Џан Лука Паси де Препосуло.

Како и секогаш, таа изгледаше неверојатно, со едноставна шминка и фризура и со неодолив фустан со откриени рамена од ресортот на Александар Меквин.

Свадбата се одржа на фасцинантниот имот на семејството на избраникот на актерката во италијанскиот град Тревисо, близу Венеција.

Инаку, Џан Лука потекнува од аристократско италијанско семејство, па на свадбата беа присутни многу благородни ликови, како и познати холивудски ѕвезди како поддршка на актерката.

Блиските пријатели на двојката ќе кажат дека Италија била местото каде тие отсекогаш сакале да се венчаат и конечно нивниот сон се исполнил.

„Свадбата беше магична. Фустанот на Џесика едноставно беше совршен, иако таа беше малку нервозна кога чекореше кон олтарот. Храната исто така беше беспрекорна“, изјавиле нивните пријатели за E!News.

Двојката е заедно од 2012 година, а во текот на годините тие воопшто не се експонираа во јавноста. Познатиот италијански гроф, инаку поранешен директор на Армани, денеска е дел од компанијата Монклер.

 Фото: Daily Mail

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.396 пати
Извор: 
DailyMail