Менди Мур е прекрасна невеста во розова венчаница

20 ноември 2018

Шармантната актерка Менди Мур викендов се омажи со музичарот Тејлор Голдсмит во интимна атмосфера на романтична свадбена церемонија во дворот на нивниот имот во Лос Анџелес, пренесува E!.

Сите светски медиуми што ја пренесоа веста ги делат впечатоцити дека таа изгледа совршено во нежнаната, романтична венчаница во розова нијанса од брендот Родарте.

 

A post shared by Mandy Moore (@mandymooremm) onNov 19, 2018 at 1:15pm PST

Актерката направи неконвенционален избор, барем кога бојата е во прашање, што наиде на воодушевување и позитивни критики кај модната јавност.

Велот со цветни детали го надополни нејзиниот бајковит изглед.

 Менди и претходно соработувала со дизајнерското дуо од Родарте, на неколку кампањи, а се појавувала во нивен дизајн и на црвениот килим.

 

Објавено:
20 ноември 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
542 пати