Моделот Шанел Иман се омажи во две венчаници на Зухаир Мурад

5 март 2018

Покрај „Оскарите“, светските медиуми ја пренесоа и веста за венчавката на моделот Шанел Иман. Таа и нејзиниот избраник Стерлинг Шепард после нешто повеќе од година дена во врска, одлучија да стапат во брак.

Во кругот на пријателите и најблиските, двојката ја прослави својата љубов, а Шанел се појави во две венчаници, а и зад двете се потпишува Зухаир Мурад.

Венчаниците се стилски многу слични. Се работи за фустани со длабок V-израз и здолниште во А-крој. Тантелата е нежна и со 3Д цветни апликации. На првата има и мини наметка во горниот дел, а втората е во златно-розова нијанса.

„Целата тема на венчавката е токму во златно-розови нијанси. И венчалниот прстен е таков, затоа и не се двоумев околу тоа. Сметам дека бојата ја изразува мојата нежна, девојчешка страна, а и за двете венчаници посакував да се со винтиџ изглед. Ми беше важно кога ќе ги видам фустаните и после 50 години да ми се допаѓа изборот што сум го направила, бидејќи е безвремен“, објаснува моделот.

Меѓу гостите присуствуваа и нејзината колешка Џордан Дан и Габриел Јунион, а во продолжение погледнете ги останатите фотографии од познатата двојка:

 

 

A post shared by Chanel Iman (@chaneliman) onMar 4, 2018 at 1:00pm PST

 

 

A post shared by Chanel Iman (@chaneliman) onMar 4, 2018 at 2:13pm PST

 

 

A post shared by Chanel Iman (@chaneliman) onMar 4, 2018 at 2:18pm PST

 

 

A post shared by Chanel Iman (@chaneliman) onMar 4, 2018 at 2:22pm PST

 

 

A post shared by Chanel Iman (@chaneliman) onMar 4, 2018 at 2:27pm PST

 

Објавено:
5 март 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.181 пати