Романтична венчаница како од бајките

21 август 2017

Уште една од низата убави и романтични приказни во нашата „Бела соба“ е онаа на шармантната невеста Ускана Аироја која на својата венчавка со избраникот Лули Даути, носеше венчален фустан од нашиот моден бренд „Елена Лука“.

Ускана посака да биде класична принцеза, а модната куќа ѝ ја исполни желбата. Убавата бринета блесна во венчален фустан во принцес-крој. Здолништето е волумезно, додека горниот дел е корсетиран, а целата венчаница е збогатена со богата, рачно аплицирана тантела, што ѝ дава романтичен тон.

Модните додатоци секогаш имаат значајна естетска функција во заокружувањето на изгледот на секоја невеста. Фустанот на оваа убава невеста е надополнет со интересна, раскошна дијадема. За уште поголем впечаток, таа носи и долг вел, на рабовите збогатен со истата тантела од венчаницата, со што комплетно се завршува оваа романтична приказна.

Од модниот бренд истакнуваат дека секогаш им претставува посебно задоволство кога ќе остварат нечиј сон, ќе придонесат за уште поголема насмевка и ќе бидат дел од нечија среќна приказна, каква што е и оваа.

Во продолжение погледнете како двојката изгледаше на нивниот посебен ден:

Објавено:
21 август 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.108 пати