Модна ревија со венчаници го отвори 10. Саем за венчавки

22 февруари 2020

Модна ревија со венчаници, како и свечени одела за младоженци, на македонски дизајнери и модни куќи го отвори 10-то, јубилејно издание на Саемот на венчавки, вчеравечер во хотелот Александар Палас.

Секој од дизајнерите со своја визија и идеја како треба да изгледаат модерните невести и младоженци, најавија што посетителте може да очекуваат од понудата на нивните штандови овој викенд во рамките на саемот.

А според тоа што имавме можност да го видиме на отворањето, идните невести на овој саем на венчавки ќе може да одбираат од богата понуда на различни верзии на венчални фустани.

Моделите варираат од класични, симплифицирани и елегантни до авангардни, артистични и неконвенционални.

Во рамки на програмата, посетителите ќе маат можност да ги посетат штандовите на дизајнерите и модните брендови: Елена Лука, Антонија Ристовска, Мкоутуре, Пепика Атеље, Атеље Коцарева, Ателиер бај Сониа, Атеље Конели, Атеље Кадора, Бјанка Споса, Анна Бора, Атеље Соња, Венчаници Жана, Атеље Проминент бај Ивана како и светските модни брендови:Моника Лорети, Ману Гарсија, Ангела Ди Марино, Валерио ЛУна и Ханибал Лагуна. За машките костуми тука се брендовите: Тивес, Сињори и Диас.

Денеска и утре (22 и 23 февруари) саемот ќе биде отворен за посетители кои на едно место ќе може да се информираат за сите новости и тенденции што ги вклучува свадбената церемонија, од богат избор на венчаници до комплетна организација.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата на модната ревија која го најави стартот на јубилејниот Саем на венчавки.

Антонија Ристовска - модел Емилија Розман

Zoe, White Angels - модел Кристина Димитриевска

Бјанка Споса - модел Маријана Станојковска

Нена Конели - модел Милена Антовска Станковска

Ателје Соња - модел Симона Поповска

Ателје Пепика - модел Ведрана Ѓорѓевиќ

MCouture - модел Ангела Ѓоргева

Кадора - модел Цеце Орешкова

Ателје Проминент - модел Стефанија Кузевска

Signori - модел Никола Марковиќ

Sonja - модел Бојана Нушкова

Анна Бора - модел Светлана Црнокрак

Ателје Коцарева - модел Александра Шијаковска

Tives - модел Игор Ангелов

Адора Голд - модел Викторија Јаначковиќ

Жана - модел Ангела Јакимовска

Елена Лука - модел Елеонора Миљковиќ

 

 

Објавено:
22 февруари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
757 пати