Модната фабрика на eNVy room подготвува романтична линија венчаници

6 јануари 2015

Познатиот моден двоец eNVy room, зад чиј псевдоним се кријат дизајнерите Никица Иванчевиќ  и Вјеко Фрањетовиќ, 2015 година ја стартуваа работно. Станува зборува за креирање на нова колекција на венчаници.

За само неколку сезони, венчаниците со потписот на eNVy room се наметнаа како „must have“ фустани за секоја модно освестена невеста. Како резултат на одличниот одѕив и прифатеност од страна на публиката, дизајнерите веќе работат на новата колекција која сигурно ќе ги воодушеви сегашните и идни невести.

„Ќе доминира главно тантелата во изработката на креациите, во комбинација со лесни и лелеави материјали, а ќе преовладуваат и фустани во ретро романтичен дух. Бидеќи сè уште сме во фаза на изработка на скици, тешко е детално да зборуваме за самата колекција. Но немаме намера да ги откриваме сите интересни моменти, сакаме да биде изненадување“, велат Никица и Вјеко.

Но за сите вас кои не можете да го совладате љубопитството модната двојка сподели неколку скици и направи детален фокус на материјалите кои ќе бидат доминантни. ЕNVy roomпланира и снимање на рекламна кампања за оваа нова колекција која ќе се реализира кон крајот на овој месец.

Објавено:
6 јануари 2015
Категорија: 
Бела соба