Дизајнерот Наим Кан на њујоршката модна недела на венчаници, претстави колекција, каде доминираат неконвенционалните невестински фустани.

-Секој фустан кажува посебна приказна, па според тоа секое парче си е посебно и прекрасно – вели дизајнерот пред почетокот на ревијата.

Од венчаници во боја на слонова коска, преку оние во златни нијанси, до фустани во боја на лаванда, Кан се потруди да направи широка палета на бои и стилови.

Меѓу кроевите доминира А-кројот, а посебно се внимавало на деталите што се изработувани со рачно навезена монистра, како и рачно пришиени цветни апликации.

Меѓу венчаниците има и неколку во млечно бела боја, со здолништа од тул до под колена. За пролет 2017 година, дизајнерот ги вклучува и пердовите, како и ресите во метални нијанси.

Оваа модна приказна на Кан значи вклучува нетипични невестински фустани (ревијата завршува со венчаница во црна боја) како и свечени тоалети, што без оглед на тоа каков стил преферирате, ќе признаете дека се мошне впечатливи.

Објавено:
19 април 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.080 пати