Иако модната недела во Париз за Висока мода заврши уште минатата недела, впечатоците сè уште траат. Покрај луксузните фустани, видовме и ревии што ја донесоа и споија и уличната со високата мода.

Но, во целата палета на префинето изработени креации можеа да се забележат и такви што можат да бидат венчаници. Дел од дизајнерите и наменски ги заокружија своите шоу-а токму со гламурозни венчаници.

Ели Сааб

И ако случајно се прашувате кој би можел да ги носи овие креации, потсетете се само на дел од најбогатите свадби од минатата година, кога руските, украинските или кинеските бизнисмени правеа свадбена веселба за своите деца. 

Она што можеме да го забележиме како тренд за следната сезона кога се венчаниците во прашање е враќањето на златните нијанси во центарот на вниманието.

Шампањ нијансите на ткаенините, златните тантели, апликации и сјај доминираа. Секако, никогаш нема да се намали актуелноста на убавите бели нијанси. 

Освен раскошните здолништа, за претстојната сезона дизајнерите предлагаат и едноставни, прави силуети, по малку во бохо стил, но од префинети материјали. 

Гуо Пеи

Ако сакате да бидете малку различни, тогаш можете да додадете боја, реси, пердуви, или пак да направите фустан во стилот на „Шанел“.

Без разлика дали годинава ќе правите свадба или не, ве оставаме да уживате во луксузните креации во галеријата погоре.

Објавено:
1 февруари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
849 пати