Најскапите дизајнерски венчаници во историјата

29 ноември 2016

Најголемиот дел од венчаниците што ќе ги видите во продолжение ги носеле познати дами, па затоа воопшто не треба да ве чуди што имаат цени со многу бројки.

Сите знаеме дека на девојките им е особено важно на денот на венчавката да заблескаат и да бидат вистински убавици, па токму затоа и често не внимаваат колку пари трошат на фустанот.

Потрагата за совршениот фустан почнува пред сите други подготовки, бидејќи истиот честопати се смета за најважниот дел од свадбата.

Ако на голем број од девојките буџетот претежно им е отежнат кога одбираат венчаница, познатите дами немаат никаков проблем со тоа.

Нивно е само да го пронајдат или да го споделат со нивните стилисти совршениот модел и тие да го пронајдат истиот.

Иако најчесто венчаниците се со потпис на познати светски дизајнери, тие не секогаш изгледаат магично како што си ги замислиле, но сепак, на крајот сѐ зависи од вкусот на клиентот.

Меѓу најбараните и најскапи дизајнери во светот на венчаниците се дефинитивно Маркеза, Вера Ванг, Александар Меквин и Оскар Де Ла Рента кои слушајќи ги желбите на нивните познати клиентки, создадоа фустани кои денеска важат за едни од најскапите во светот.

Нивните вртоглави цени се движат од неверојатни 100.000 долари, па сѐ до 1.5 милиони долари. 

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.044 пати