Во Њујорк од 8-ми до 10-ти октомври се одржа интернационална модна недела за венчаници – Bridal Fashion Week за сезона есен 2017 година. Помал дел од брендовите, како „Проновиас“ на пример, презентираа колекции за пролет 2017.

Дизајнерите претставија некои веќе добро познати трендови, но и некои нови, можеби и не толку очекувани.

Покрај фустаните со голи раменици, што ќе бидат еден од водечките трендови, ќе се носат и фустани со 3Д детали, а и тантелата повторно е во центарот на вниманието.

Од кроевите, нема големи промени, сирена кроевите и принцез-кројот се најзастапените, со што полека се пробиваат и рамните здолништа.

Кога се новитетите во прашање, дизајнерите за следната есен предлагаат и фустани во боја, поточно во жолти нијанси.

Оние што ја претпочитаат неконвенционалноста ќе ги израдува веста дека комбинезоните и панталоните генерално ќе бидат вистински хит.

Комбинацијата топ и здолниште, што повеќе ја гледавме во уличните брендови и колекциите ready-to-wear, сега се „префрла“ и во венчалните.

Во галеријата ќе ви презентираме дел од најинтересните и најубавите венчални фустани од неодамна одржаната модна недела во Њујорк.

Ако сте од оние што се во потрага по совршената креација за важниот ден, веруваме ќе се инспирирате.

Објавено:
12 октомври 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.211 пати