Неконвенционални венчаници – зошто да не?

7 септември 2016

Изборот на венчален фустан е една од најзначајните одлуки што треба да ги донесе секоја невеста. Првото правило е секогаш венчаницата да биде соодветна на нејзиниот личен стилски идентитет. А понатаму постојат уште неколку клучни правила кои се влијателни при донесувањето на вистинската одлука.

Токму поради таа причина, побаравме совети од модната куќа Елена Лука, која во серијал од содржини ќе ни ги потенцира непишаните правила кои ќе ни помогнат да ја одбереме совршената венчаница.

Првата тема на која разговаравме е:

Неконвенционални венчаници

„Секогаш нашите клиентки ги советуваме да останат доследни на својот личен стилски сензибилитет, и кога е во прашање венчаницата. Тоа ќе го задржи нивниот уникатен карактер што ќе даде единствена и неповторлива нота во дизајнот на венчаницата. Девојките кои се храбри и сакаат да експериментираат со имиџот и тоа е дел од нивниот темперамент, целосно ги поддржуваме во изборот на неконвенционална венчаница", велат од модната куќа Елена Лука.

Тоа подразбира отстапување од стандардите, но задржување на суштината и нејзината носечка улога на свадбената церемонија.

„Токму уникатниот и авангарден карактер на нашите венчаници е доминантен во профилот на нашата модна куќа. Затоа секоја венчаница е посебна приказна раскажана само еднаш, во свадбената бајка на една невеста", додаваат од Елена Лука.

Многу често кај венчаниците дизајнирани во Елена Лука може да забележиме интересен и несекојдневен спој на ексклузивни материјали, (пример корсети изработени од кожа или комбинација на повеќе видови богата тантела), волуменозни форми кои му даваат печат и на наједноставениот венчален фустан со минималистичка линија, а особено впечатливи се и уникатните детали со кои изгледот на невестата е комплетен (како што се ракавиците украсени со мониста, долгите шармантни велови или романтичните шноли за во коса украсени со бисери и светкави детали).

„Сакаме да експериментираме со материјали, форми или пак детали, се разбира доколку невестата е расположена за тоа, за на крај да добиеме совршена и неповторлива венчаница", велат од тимот на Елена Лука.

Во продолжение направивме избор на дел од уникатните венчаници од нашиот моден бренд кои се во контекст на денешната тема.

Објавено:
7 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
5.725 пати