Невеста ги покани четирите баби да ѝ бидат деверици

11 ноември 2019

После две години забавување Танер и Линдзи Раби одлучиле да стапат во брак и да направат свадбена веселба со најблиските.

Сепак, нивниот фото-албум, а и венчавка се разликува од другите. Имено, Линдзи ги замолила бабата на младоженецот и своите баби да ѝ бидат деверици. 

Така, нејзината 90-годишна праба, 70 и 76-годишните баби и 70 годишната баба на младоженецот со задоволство се согласиле и го збогатиле нивниот ден.

Облечени во минт зелени фустани од тантела, со листови од цвеќиња тие ја исполнија желбата на младенците.

Веста прв ја објави „Хафингтон пост“, по што се прошири низ светот.

А дел од фотографиите ви пренесуваме во продолжение:

 

Објавено:
11 ноември 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.070 пати
Извор: 
boredpanda.com