Прекрасната Кристин Бликли чекаше цели четири години за венчавката со Френк Лампард, а кога тој ден дојде, таа изгледаше подобро од кога и да е. 

Кристин изгледаше навистина магично во нежниот фустан од тантела во кој го кажа судбоносното „да“ на поранешната англиска фудбалска ѕвезда Лампард. 

Неговата невеста беше вистинска убавица во бело која мамеше погледи кога се појави пред црквата Saint Paul во централен Лондон во фустанот дизајниран од креаторката Сузан Невил. 

Целиот фустан беше покриен со ситни мали бисери, а надолу продолжуваше во сирена крој, целосно изработен од висококвалитетна свила и нежна и романтична тантела. 

Изгледот го надополни со едноставна шминка и фризура на која беше додаден долг вел од истиот материјал како и венчаницата. 

Невестата се одлучи само за дискретни обетки и романтични чевли, а дефинитивно најубава беше нејзината насмевка која блескаше во текот на целата церемонија. 

Како ви се допаѓа избраничката на Лампард?

Објавено:
21 декември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.231 пати