Невести, би носеле ли вакви обувки на вашата свадба?

7 ноември 2014

Модниот бренд Хоган чиј приоритет е изработка на чевли за мажи, жени и деца, но исто така и производство на облека , накит и модни додатоци, изминатиов период си постави нов предизвик. Станува збор за проект haute-couture кој се состои од реинтерпретација на класичните модели патики во вистински модерни свадбени чевли.

Со цел да им се спротивстави на традиционалните обичаи во однос на изборот на соодветни обувки за вашиот најважен ден во животот, креативниот тим на Хоган одлучи да промовира два нови модела на свадбени чевли. Обувките се рачно изработени, со користење на одлични материјали, неверојатен квалитет, уметнички дизајн, декорирани со ткаени везови, апликација на нежни кристали и романтични бисери. Најважната карактеристика, покрај фактот што изгледаат луксузно и елегантно е тоа дека се неверојатно удобни.

Идни невести што велите?

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Бела соба