Новата соработка на дуото Keds и Kate Spade резултираше со колекција која ќе им реши голем проблем на идните невести: специјализирана линија патики за невести.

Се разбира, не станува збор за обични патики, туку за такви што ќе и дадат дополнителна магија на целата невестинска бајка – комбинација на уникатен дизајн, гламур, романтика, луксуз, а истовремено удобни и практични.

Овој тип на патики, може да бидат идеална алтернатива на елегантните, но не толку удобни невестински чевли.

„Нашата невестинска колекција е перфектен спој на практичен дизајн и гламур, а невестата може да ги носи буквално во секој сегмент од свадбената церемонија", се вели во описот на колекцијата на официјалната страна на Keds.

Патиките се достапни во неколку различни верзии на златна, сребрена и бела варијанта, а украсени се со бисери, светки или точки.

 

Објавено:
5 февруари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
614 пати
Тагови: 
патики невести