Нежни венчаници со потпис на Моник Лулие

11 февруари 2015

Познатата дизајнерка Моник Лулие, односно истоимениот бренд,  неодамна презентираше лукбук за венчалните фустани за актуелната сезона, есен-зима 2014. Она што може да се забележи уште на прв поглед е нежната нота која доминира кај сите креации.

Исто така, дизајнерката не се ограничува само на белата боја, па во колекцијата може да се видат и неколку модели во нежно жолта, пастелно розова и сина боја. За оние што не се љубители на долгите венчаници има и неколку модели на куси, така што Моник сакала да ги опфати речиси сите вкусови и типови на невести.

Од материјалите, очекувано доминира тантелата и тулот.

Во продолжение погледнете го лукбукот, како и комплетната колекција. А на линкот овде, можете да се потсетите и на едиторијалот за колекцијата пролет-лето 2015.

Објавено:
11 февруари 2015
Категорија: 
Бела соба