Новата колекција венчаници на Оскар де ла Рента ќе ве маѓепса со својот раскош

20 октомври 2014

Успехот на новата колекција венчаници за 2015 година на Оскар де ла Рента беше загарантиран со самиот факт што госпоѓата Клуни имаше ексклузивна можност да облече еден од раскошните модели пред официјалната промоција. Всушност, сите креации се со сличен стил, крој и структура. Елементи кои преовладуваат низ моделите се спуштените ракави, градација на високо квалитетни тантели, избор на цветни рачни апликации. Самите креации имаат неверојатно елегантна линија, раскошен крој и уникатен изглед.

Колекцијата не вклучува само тоалети, туку и кратки фустани над и под колена со младешки изглед, креирани во духот на традиционалниот крој и едноставна линија која е нагласена со спој од богата текстура на материјали. Во продолжение уживајте во бајковитите креации кои сигурно ќе ви се допаднат или пак инспирираат.

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Бела соба