Новата невестинска колекција на „Маркеза“

11 јануари 2016

Некои невести уште од рана возраст сонуваат за нивниот венчален фустан и денот од соништата. Но, кога ќе дојде времето да го најдат фустанот од фантазиите, работите не секогаш одат глатко.

Модниот бренд „Маркеза“ вели дека го има решението. Во соработка со BHLDN создадоа колекција на венчални фустани за кои велат дека ниту една невеста нема да може да им одолее.

Според нив, одлуката што да носите на својата свадба никогаш не била поедноставна.

Колекцијата содржи пет елегантни фустани, со цена до 2.500 долари. Романтичната нота преовладува, како и деликатните везови и монистра. Застапени се неколку силуети со цел што повеќе жени да се пронајдат и вљубат во фустаните.

Што мислите вие за најновата колекција на овој бренд?

Објавено:
11 јануари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.102 пати