Доколку и вие сте од оние кои не поминуваат ден без некоја од популарните хит серии, тогаш веројатно веднаш ги познавте овие ликови.

Имено, ѕвездите на „Pretty Little Liars“ и популарната серија „Suits“ викендов го кажаа судбоносното „да“ на една од најоригиналните бохо свадби што досега сме ги виделе.

Тројан Белисарио и Патрик Адамс се заедно долги години, а тој ја побара раката на убавата актерка некаде во 2014 – тата година.

Викендов тие приредија вистинско и незаборавно уживање за сите нивни гости кои пристигнаа на венчавката во хипи автобуси и спиеја во шатори во прекрасна шума каде и се одржа церемонијата.

Тие подготвија забава на отворено за нивните 200 гости кои деталите од свадбата постојано ги објавуваа на Инстаграм, особено актерките од серијата во која Тројан игра една од главните улоги.

Што се однесува до изборот на брендови, актерката изгледаше навистина магично во нејзиниот Cortana фустан кој е сон на секоја невеста, додека Адамс беше неверојатно згоден во триделниот костим на Ралф Лорен.

Погледнете како помина нивната венчавка. 

Објавено:
12 декември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
966 пати