Оскар де ла Рента ја облече во романтична венчаница избраничката на Џорџ Клуни

30 септември 2014

Магазинот People ексклузивно ја објави фотографијата на својата нова насловна страна,  на која конечно можевме да ја видиме венчаницата во која адвокатката Амал Аламудин викендов го кажа судбоносното „да“ со актерот Џорџ Клуни.

Бајковита, романтична венчаница прекриена со деликатна француска тантела опсипена со дијаманти и бисери, од Оскар де ла Рента, беше изборот на невестата која асполутно воодушеви со својата појава.

Иако периодот пред гламурозната церемонија која се  одржа во Венеција, постојано се нагодуваше околу тоа кој дизајнер ќе ја има привилегијата да ја креира венчаницата на избраничката на харизматичниот актер, и често се спомнуваше името на Сара Бартон (дизајнерката на брендот Александар Меквин), сепак изборот падна на најсигурната варијанта и дизајнерот кој многу пати се докажал како незаменлив во креирањето на венчаните фустани.

Инаку, еден од најозборуваните настани на годината, свадбената церемонија на Џорџ Клуни во романтичната Венеција го собра светскиот џет-сет од шоу бизнисот, па помеѓу гостите беа и неговите колеги и пријатели: Синди Крафорд, Ана Винтур, Бил Мареј, Мет Дејмон, Емили Блант, Боно од U2 итн.

 

 

 

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Бела соба