Осум работи кои мора да ги знаете за својата венчавка

25 април 2013

 

Некои луѓе негативно ќе ве изненадат!

Голема и важна вистина за денот на вашата венчавка е тоа дека без оглед на вашите добри намери, секогаш ќе има некој од вашите најблиски кој ќе ве изненади со чудни барања, љубомора, пијанство и некултура. Меѓутоа, колку и да е ужасно, секогаш имате избор да останете смирени или да дозволите нешто такво да го уништи овој ден. Ве советуваме без оглед на сите околности да останете прибрани и достоинствени. Ова е ваш ден и не дозволувајте нештата да се одвиваат според некој друг.

Некои ќе ве воодушеват

Иако почнавме со оние кои негатвно ќе ве изненадат, не смееме да не помислиме и на оние кои ќе ве воодушеват. Вашите пријатели, колеги, роднини, личности кои ви помогнале во организирањето на венчавката ќе бидат полни со поддршка и ќе направат сѐ само за да се чувствувате убаво. Поентата е што без оглед на оние кои ненамерно ќе сакаат да ви го уништат денот, секогаш ќе има и друга страна која ќе направи сѐ за вас. Тие луѓе се оние кои го заслужуваат вашето внимание и енергија, а тоа најчесто се оние личности на кои можете да се потпрете и во секој друг ден.

Правило број еден

Уште една многу важна работа во врска со денот на венчавката е тоа дека колку добро и да сте испланирале, очекувајте барем една работа да тргне наопаку. Можеби тоа ќе може и да се поправи, можеби и не, но, најважно е да бидете подготвени нешто да ве изненади. Тортата се топи, менито не е она што навистина сте го сакале, калнерите ги нема кога требаат. Поентата е дека тој ден вие се венчавате, а љубовта која ја делите со партнерот сте ја изградиле со меѓусебно обожување кое подразбира и маани и доблести. Ако нешто тргне наопаку, не гледајте на тоа како на лоша работа која се случила, туку како на нешто симпатично за кое подоцна ќе се смеете.

Блескајте во сопствената убавина

Од сите вистини, една е најважна дека вие ќе бидете заносни. Не мислиме само на добрата шминка, фризура, стокмена фигура и совршен избор на венчаница. Вистинската убавина ќе ја постигнете со среќно и задоволно лице. Има нешто во целото тоа што прави магична атмосфера. Наместо да се нервирате за било што, сетете се дека овој ден е магичен и уживајте во таа магија. Имајте самодоверба, мислите дека вие сте принцеза, а тој е принц кој безизмерно ве сака.

Морате да внимавате на себе

Иако можеби нема да бидете во можност да ги направите сите дневни рутини, претходно задолжете некој кој ќе ве потсети да јадете и да се одморите. Премногу алкохол, стрес, малку сон, гладување, не е најдобриот начин да го почнете брачниот живот. Доколку за своите потреби се организирате како што треба, тогаш сигурно ќе блескате во вистинското светло.

Бон-тон

Без оглед на тоа каков тип на венчавка правите, гламурозна или опуштена варијанта, одржувањето на бон-тонот на ниво е многу повеќе од важно. Гостите може и нема да се сеќаваат на музиката, но, сигурно ќе се сетат на достоинството, елеганцијата и почитта кон истиот тој ден. Морате да правите компромис за некои работи и да се потрудите кон сите пријатели  и семејството да покажете почит, насмевка на лицето и благодарност што сите тие луѓе се таму за вас.

Се минува брзо, уживајте додека трае

Запаметете дека денот на венчавката е искуство како ниедно друго, дури и нема да верувате дека тоа вам ви се случува. Потрудете се секој  момент да го врежите во вашата меморија, водени од помислата дека љубовта е главниот двигател кој ве спојува на тој ден. Ќе поминат уште многу денови, месеци и години, а вие сѐ уште ќе се сеќавате како ви било најубаво на цел свет.

Бракот е важен уште на денот на венчавката

Венчавката е важен и голем ден во животот на секој од нас и често привремено ја губиме свеста колку тоа што доаѓа потоа е многу поважно. Од сите вистини кои се важни за овој голем ден, оваа е сигурно најважната. Тој ден е прекрасен, магичен, но исто така е само еден ден и само една прослава. Бракот, љубовта, вниманието, трудот и вербата кои ги вложувате во бракот, се многу подрагоцени од било што останато. Кога сте младенка, навистина има многу нешта на кои треба да мислите, но, главната е дека се мажите со човекот кој го сакате и почнувате заеднички живот. Оставете ја насмевката на лицето со помош на нашите совети, а магијата од големиот ден пробајте да ја зачувате засекогаш!

Објавено:
25 април 2013
Категорија: 
Бела соба