„Pearl“ – префинета колекција венчаници со бисери од Елена Лука

13 април 2017

Модното влијание на 20-тите години на минатиот век ја диктира основната естетика на новата, ексклузивна линија венчаници насловена „Pearl" на модниот бренд Елена Лука.

Она што е основна карактеристика која ѝ дава препознатлив карактер на оваа колекција венчални фустани, се бисерите како носечки детаљ што без исклучок се појавува кај сите венчаници имплементиран на различни начини, а комбинирани се со карнери, луксузна тантела, тул...

Помеѓу венчаниците со елегантни кроеви што ја следат женската силуета, Елена Лука во оваа колекција дизајнираше и авангардни венчаници во асиметрични кроеви, но и комбинезони што во глобалниот моден свет се вистинска тенденција.

За оваа колекција Елена Лука направи впечатлива фотосесија во која на суптилен начин е создадена фузија на различни форми на уметноста.

Венчаниците се веќе во продажба во изложбените салони на Елена Лука во Скопје и Струмица.

Објавено:
13 април 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
610 пати