Пејачката Ели Гоулдинг имаше кралска свадба

2 септември 2019

Познатата пејачка Ели Гоулдинг (32)  вчера ја официјализираше својата врска со Каспар Џоплинг (27), трговец со уметнички дела. 

Венчавката се случи во катедралата Јорк Минстер, каде што и Меган и Хари ја имаа нивната. Со оглед на тоа дека семејството на Каспар е од Јоркшир, не беше изненадување што токму и ќе се одржи традицоналната церемонија.

@thefoginthegarden

@hellomag

Социјалните мрежи беа преполни со коментари дека свадбата на Гоулдинг потсетува на кралските. Некои тоа го коментираа во позитивна насока, воодушевувајќи се на сè што беше достапно како фотографија во медиумите, додека на други ова и не им се допадна, па коментираа дека „Свадбата на Ели Гоулдинг е кралска свадба за сиромашни“.

@hellomag

Сеедно како го доживувате, факт е дека привлече големо медиумско внимание.

Невестата пристигна пред катедралата со ретро „Фолксваген“ комбе во сина боја. Ја пречекаа деверици облечени во бело.

@revistagalard

@hellomag

@elliegouldingbrasill

@elliegouldingbrasill

@victoria_wallacesgourou

@victoria_wallacesgourou

@hellomag

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

 Венчаницата на пејачката е со потпис на брендот „Клое“. Ели се одлучи за конзервативен модел. Венчаницата е долга, со висок околувратник и долги ракави. Низ целата површина има рачно везени цветови и бисери, а венчаницата на ракавите е украсена со голем број мали копчиња. Како пренесуваат британските медиуми, венчаницата била изработувана 640 часа.

@casparjopling

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

@hellomag

 Нејзиниот невестински изглед е заокружен со долг едноставен вел, бидермаер од бели рози и бисерни обетки. Шминката е дискретна и природна.

За кралскиот впечаток, придонесоа и гостите. Сиена Милер со партнерот, Џејмс Блант со сопругата и Кејти Пери со Орландо Блум беа меѓу првите што пристигнаа на венчавката. Освен нив, меѓу гостите беа и принцезите Јуџин и Беатрис, како и нивната мајка Сара Фергусон.

@hellomag

@katyperry.allthetime

@hellomag

@bazaaruk

@royally_yourz

@royally_yourz

@kembricistan

Интересно е што токму принцезата Јуџин ги запознала Ели и Каспар, но врската на пејачката со кралското семејство не е само пријателството со принцезата.

Во британските медиуми постојат податоци дека на свадбата на Кејт и Вилијам во 2011 година, токму Ели ја испеала песната на Елтон Џон „Your Song“, на која ѝ се случил првиот танц. 

@casparjopling

И покрај коментарите дека е „кралска свадба за сиромашни“, сепак за да се организира истата, пејачката и нејзиниот сопруг ја најмиле компанијата „Феит Акомпли“, кои ги организирале и свадбите на Кејт Мидлтон, Меган Маркл и Пипа Мидлтон.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите, за кои ексклузивата ја имаше магазинот „Хело“.

@hellomag

@thefoginthegarden

@socialdiarymagazine

@elliegouldingbrasill

@elliegouldingbrasill

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Fanpage for Ellie Goulding. (@ellie_goulding_xoxo) onAug 31, 2019 at 10:31am PDT

 

 

Објавено:
2 септември 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
632 пати