Погледнете ја најпопуларната венчаница на Инстаграм

21 април 2017

За она што е најтрендовско и популарно најчесто се информираме од социјалните мрежи. Кога се конкретно венчаниците во прашање, минатата година сите зборуваа за најпопуларната на Пинтерест.

Сега пак, ќе ја видите најпопуларната, односно венчаницата со најмногу „лајкови“ на Инстаграм, дури 200.000, со што е поставен рекорд на најлајкувана креација некогаш на оваа мрежа.

Се работи за фустанот на индонезискиот дизајнер Иван Гунаван, кој имаше чест да го носи невестата Интан Азара, исто така од Индонезија.

Свадбата на оваа млада девојка и нејзиниот избраник Зендија Заена привлече големо внимание. Тие имаа и импровизиран дворец и огромна свадбена торта. Раскошната венчавка, која се случи минатиот месец и фустанот на Пепелашка биле инспирацијата на дизајнерот, а очигледно многу млади девојки фантазираат за истата.

Горниот дел е делумно транспарентен и богато украсен со бисери и скапоцена монистра, додека долниот е раскошно здолниште со карнери и ги содржи истите укасувања.

Освен бела, Интан се појави во уште една венчаница, црвена, со што ја испочитува традицијата.

Погледнете:

 

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
995 пати
Извор: 
DailyMail