Погледнете ја првата колекција венчаници на Вес Гордон за Каролина Херера

18 април 2018

Откако етаблираната дизајнерка Каролина Херера, со нејзината зимска колекција за 2018 година, го најави своето пензионирање, функцијата на креативен директор во нејзиниот бренд ја презеде Вес Гордон кој последнава година беше ангажиран како креативен консултат во модната куќа.

Деновиве тој пред јавноста ја промовираше својата прва колекција венчаници за Херера, која во својата основа е женствена и нежна, но е инспирирана од силните и моќни жени.

Ова беше клучен момент дизајнерот да дефинира во каков правец ќе го води брендот, а ако судиме според неговата прва венчална колекција, тогаш може да заклучиме дека есенцијата на Херера е задржана.

Она што Гордон го додава како свој белег, е младешкиот дух на колекцијата. Силуетите што се карактеристични за ракописот на Херера се надоградени со интересни, игриви детали во пастелни бои и фантастични, рачно везени мотиви.

 

Објавено:
18 април 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
712 пати