Конечно се случи и долгоочекуваната нова кралска свадба, овојпат на принцезата Јуџини и нејзиниот вереник Џек Бруксбанк и привлече огромно внимание во Британија и светот.

Сосема очекувано, низ улиците можевме да видиме илјадници луѓе кои едвај чекаа да поминат принцезата и нејзиниот свршеник да можат одблизу да ги видат.

Прекрасната Јуџини на свадбата во црква се појави во раскошен фустан од британскиот моден бренд Питер Пилото што и го откриваше грбот со цел да ги покаже лузните од операцијата која ја имала во детството како резултат на сколиоза и со тоа да им даде поддршка на сите кои се борат со болеста.

По завршувањето на церемонијата во црква, младите и сите присутни се упатија кон палатата Виндсор каде кралицата Елизабета за нејзината внука организираше прекрасен прием со голем број гости.

Според фотографиите објавени на популарните британски медиуми, познатите гости кои биле дел од церемонијата одлично се забавувале до раните утрински часови, а ги забавувале некои од омилените музички ѕвезди на кралското семејство.

За сите 850 гости во дворот на палатата имало поставено голем број на штандови со храна и пијалоци, за што многумина ќе кажат дека организацијата наликувала како оние на познатите светски музички фестивали.

Според официјалното соопштение од палатата, мајката и таткото на Јуџини платиле за сите свадбени свечености и забави од нивните лични фондови.

Извор и фото: Daily Mail

Објавено:
13 октомври 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.085 пати