Британскиот моден бренд Needle&Thread го знаеме по супер елегантните парчиња, а истовремено толку шармантни и уникатни. 

Токму такви се венчаниците во нивната нова бохо колекција во која ќе се заљубат сите оние девојки што сакаат нешто поинакво за нивниот најголем ден. 

Во нивната деби колекција се сместени идеални венчаници за вашата пролетна свадба, изработени од супер материјали, украсени со најубавите бисери и кристали. 

Секое парче е совршено за сите оние девојки кои сакаат да се издвојат од толпата невести и да блеснат во нешто сосема поинакво. 

Доколку се наближува вашата свадба, погледнете ги првите венчаници на Needle&Thread и инспирирајте се веднаш!

Објавено:
28 декември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.014 пати