Полски бренд за венчаници ангажираше 85-годишен модел за новата кампања

16 декември 2019

Полскиот бренд за венчаници „Laurelle“ неодамна ја лансираше најновата кампања за сезона 2019/2020, а за истата ја ангажираше 85-годишната моделка Хелена Норовиц.

Таа е мошне позната во Полска, бидејќи пред да почне да се занимава со моделство, благодарение на агенцијата „Алексис“, била актерка. 

Од брендот за венчаници велат дека нивниот избор бил Хелена, бидејќи секогаш се трудат да понудат уникатност и во моделите и во презентирањето на истите.

„Да се работи со Хелена е неверојатно возбудливо искуство“, вели Агата Нивет, дизајнерка во „Laurelle“.

Венчаниците се пак со едноставни кроеви, но збогатени со рачно везени детали, изработени од француска тантела и декорирани со рачно зашиени апликации со кристали. 

„Идејата да презентирате продукт кој е венчаница и да го направите тоа преку возрасен модел е храбрал чекор, па дури и ризичен. Сепак, драго ми е што ги кршам границите и вообичаените шаблони на размислување. Сметам дека концептот на убавина не познава возраст и прекрасно е што покажуваме колку жените во зрелото доба можат да изгледаат фантастично, сензуално, женствено и елегантно“, додава Агата.

Покрај Хелена, во кампањата се појавува и една млад модел.

Погледнете:

 

 

фото извор: facebook.com/Laurelle;

Објавено:
16 декември 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.550 пати