Познати парови кои имаа најскапа венчавка

17 август 2013

Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам на својата венчавка која беше во 2011 година, потрошија неверојатни 70 милиони долари. Поради тоа оваа венчавка е на првото место за најскапа и го има рекордот. Покрај многу важните гости како Бекам, Елтон Џон и многу други, церемонија ја проследија милиони луѓе преку телевзиски пренос.

Селма Хаек и Франсоа Пино за својата венчавка издвоија меѓу 3 и 3,5 милиони долари. Венчавката се одржа во Венеција, а венчаницата на Селма од Баленсиага изгледаше совршено. Венчавката помина во карневалски стил, а пееше и Боно Вокс.

Пол Мекартни и Хедер Милс за раскошната венчавка потрошија 3 милиони доалри, додека тантелната венчаница на Хедер изгледаше модерно и елегантно.

Кристина Агилера и Џордан Братман потрошија 2 милиони долари. Кристина носеше венчаница на Кристијан Лакроа вредна 80 илјади долари. Брачниот пар своето ветување еден кон друг си го дадоа во фантастичен шатор украсен со бели ружи и кристали.

Кејти Холмс и Том Круз се венчаа во Италија во замок. На венчавката потрошија 2 милиони долари, постигнаа бајковит ефект а им пееше и најпознатиот оперски пејач Андреа Бочели. На листата гости беа и Џенифер Лопез, Вил Смит и Бекамови. Венчаницата на Кејти ја дизајнираше Армани.

Венчавката на Мадона и Гај Ричи чинеше 1,5 милиони долари, а се одржа во Шкотска. Мадона носеше винтиџ венчаница која некогаш и припаќаше на Грејс Кели.

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас имаа волшебна венчавка. Почнувајќи од поканите-холограми и невидливото мастило, па се до самата церемонија во хотелот плаза во Њујорк каде потрошија 1 милион долари.

Доналд Трамп и Меланија Наус издвоија 1 милион за венчавката. Иако можеби мислевте дека Трамп потрошил повеќе, во случајот не е така. Меланија носи венчаница на Кристијан Диор која чини 70 илјади долари.

Бред Пит и Џенифер Анистон се венчаа на Малибу и исто така потрошија 1 милион. Гости им беа Камерон Дијаз, Селма Хаек, Кортни Кокс и многу други.

Викторија и Девјвид Бекам потрошија 800 илјади долари, церемонијата беше во дворец во Даблин а Викторија носеше дијадема со дијаманти.

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Бела соба