Префинети венчаници со потпис на „Виктор и Ролф“

25 април 2018

Модното дуо Виктор и Ролф неодамна ја претставија колекцијата венчаници за пролет 2019 година. Тие се познати по креациите што со сигурност припаѓаат во категоријата „Висока мода“ и за одбрана клиентела, но овој пат презентираа колкција во која ќе се пронајдат многу невести.

Останаа доследни на префинетоста, па повеќе креации се едноставни и минималистички. Она што се забележува како доминантно, се 3Д апликациите.

Фустани со А-форма, сирена крој и т.н. принцез крој, сите се обединети во новата колекција, а оние што сакаат да отскокнат од шаблонот, дизајнерите понудија и совршен комбинезон, кој воедно е и нашиот фаворит.

Во продолжение ќе ве оставиме да ја погледнете целата колекција и да ни кажете која креација најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
25 април 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.134 пати