Пролетен тренд: Венчаници со 3Д цвеќиња

7 април 2017

Започна срамежливо пред сезона-две, но трендот на венчални фустани со 3Д цветни апликации сè повеќе се наметнува.

Светските дизајнери сметаат дека ова е идеално решение за сите пролетни и романтични невести. Исто така, даваат и можност да го прилагодите трендот на себе и својот стил. Доколку не спаѓате во оние на кои повеќе им е секогаш повеќе, тогаш можете да се одлучите за венчаница со смирена силуета, или минималистичка креација на која само ќе бидат додадени дискретни 3Д елементи.

Исто така, можете да се одлучите горниот дел од венчаницата да биде во тој стил, а доле да биде широко, едноставно здолниште или пак во сирена крој.

Постои и можност, горе да имате посмирена варијанта, а здолништето да го збогатите. Секако, најбогатата опција е да имате комплетно цел венчален фустан со 3Д флорални апликации, но ова е совршен избор секако доколку знаете да го носите и се совпаѓа со вашата личност.

Изборот секако ќе биде ваш на крајот, но додека да го направите, погледнете ја галеријата во која можеби ќе пронајдете инспирација. 

Објавено:
7 април 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.062 пати