Дизајнерот Беџли Мишка веќе ја лансираше невестинската пролетна колекција за 2016 година.

Истата е проследена и со интересен и како вели дизајнерот, ориентален лукбук, зад кој се потпишува Ен Ли. Фотографиите се направени во градини, опркужени со многу зеленило и стебла од бамбус.

Она што ја карактеризира најновата невестинска колекција на Мишка е што дизајнерот ставил акцент на леснотијата на материјалите со што речиси сите веначници изгледаат лелеаво и „воздушесто“. Тантелата е присутна не само како материјал, туку и во рамки на деталите и апликациите.

Според дизајнерот, „драма“ моментот е постигнат со волуменозните, балски здолништа.

Во продолжение погледнете го лукбукот, додека пак во галеријата горе сите креации од пролетната колекција.

Идни невести, имате ли фаворити?

Објавено:
14 јануари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.603 пати