„Проновиас“ има нова колекција венчаници со акцент на грбот

26 август 2019

Шпанскиот бренд „Проновиас“ неодамна ја претстави новата колекција венчаници. Кога се кроевите во прашање, нема некои промени, доминираат сирена-кројот и А-формата.

Тантелата исто така е застапена, но за разлика од другите сезони, овој пат место се отстапува на нежните и лесни тантели. 

Но, она што посебно го привлекува вниманието и некако ги обединува речиси сите креации, е задниот дел на венчаниците.

Имено, дизајнерите кај речиси сите модели прават впечатлив грб, кој или е гол, или пак е покриен на интересен начин со тантела, или пак има вкрстени прерамки... Во секој случај, изгледа привлечно, секси и впечатливо.

Дел од креациите се во минималистички стил, со здолништа со џебови, а кај оние со тантела пак, срцевидното деколте е најзастапено.

Исто така, за оние што не сакаат да се премногу разголени има и модели со ракави, исто така од нежна тантела.

Останатите модели можете да ги погледнете во галеријата во продолжение:

Објавено:
26 август 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.255 пати