Проновиас со колекција која изнудува љубов на прв поглед

12 март 2014

Најновата колекција на еден од најпопуларните брендови за венчаници, Проновиас, ве изненадува во креации кои на прв поглед го одземаат здивот. Насловена  како „Прва љубов“,   колекцијата е сочинета од неколку кратки модели, сирена крој, елегантни и едноставни, со пеплум од пердуви, пар бохо модели, како и неколку волуменозни во А крој. Магични и бајковити,  изработени од тантела, кристали, монистра, сатен и свила, кои задоволуваат избор за сите вкусови и конституции.

Ревијата ја отвори манекенката Ирина Шајак која носеше кратка венчаница и цветен вел, додека пак другата во која се појави на писта, беше макси со топ во предниот дел прекриен со транспарентен материјал, кој продолжува во плисирана техника. Во продолжение погледнете ги останатите модели, па дури и ако не сте наскоро невеста,  добредојдени ќе ви  бидат само за да „исплакнете“ очи.

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Бела соба