Модната куќа „Проновиас“ за пролетната колекција се потруди да создаде венчаници во кои ќе се пронајде секоја невеста.

Со речиси 100-тина модели, тимот на овој бренд ги обедини сите стилови. Без разлика дали сте од оние што се замислуваат во фустан со сирена крој, или пак сте за венчаница во која ќе изгледате како принцеза, речиси и да нема креација без тантела.

Во секој случај, целта на „Проновиас“  за сезона пролет-лето 2016 е да ја нагласи природната женска убавина и нежност без разлика на стилот за кој ќе се одлучите.

Во галеријата погоре можете да ја видите целата колекција, од која, сигурни сме, ќе се инспирирате.

За потсетување, брендот минатата година прослави 50 години постоење, со што го потврдија и успехот да го пронајдат она што секоја девојка го сака и кога се вечаниците во прашање.

Објавено:
24 март 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.549 пати