Првата невестинска колекција на Топшоп над очекувањата

28 март 2017

Долоочекуваната прва невестинска колекција на Топшоп конечно е прикажана. Според првите реакции на модните познавачи, таа е далеку над очекувањата, прикажувајќи модели што помагаат да невестите да изгледаат прекрасно, но без оптоварување.

По повод новата колекција, направена е и кампања, но истовремено се презентирани и сите парчиња поединечно, кои ќе бидат достапни онлајн и во селектирани продавници од 13-ти април.

Достапна во речиси сите големини, колекцијата е наменета за сите модерни невести. Од брендот велат дека и невестите што ќе одлучат да прават свадба на плажа и оние со шик вечера во центарот на градот ќе можат да пронајдат нешто за себе.

Освен венчални фустани (вкупно пет), колекцијата е составена и од фустани за деверици, кои можат да бидат и втор избор на невестите, како и модни додатоци – чевли, накит и долна облека.

Освен сатенот, за изработка на фустаните е користена и тантела, како и материјали со флорален принт. Освен белата, застапени се и пастелно розовата, виолетова, сина, црна и тегет.

Идните невести и нивните другарки имаат можност да бираат дали сакаат макси или миди фустани, минималистички стил или можеби карнери.

Цените се движат од 150 до 1.500 долари, а во продолжение погледнете го и остатокот од колекцијата:

Фустани за деверици:

 

Модни додатоци:

 

 

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.685 пати