Првата невестинска колекција обувки на Маноло Бланик

6 февруари 2017

Долгонајавуваната невестинска колекција обувки на дизајнерот Маноло Бланик беше лансирана неодамна и го носи името „Married in Manolos“.

Уште од времето кога Кери Бредшо одбра сини чевли со потписот на дизајнерот, многу девојки ширум светот го следеа нејзиниот пример, но дизајнерот дури сега одлучи да ја претстави првата официјална невестинска колекција.

Се работи за дел од најпопуларните модели на Маноло, вкупно 14, а посебен акцент е ставен на можноста обувките да се персонализираат. Така, во неговиот бутик во Лондон невестата може да порача да се направи модел по нејзина желба, пришто ќе го избере материјалот, височината на потпетицата, деталите што ќе ја красат обувката, како и иницијалите што ќе се гравираат на ѓонот.

 

Објавено:
6 февруари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
876 пати