Рајски места за меден месец кои ги пробаа и славните

23 април 2013

Ангуила

Ова место е еден од најпопуларните острови на Карибите кој привлекува многу заљубени парови. Долг е само 26 километри, а брои дури 33 плажи. Изобилува со скриени плажи до кои можете да дојдете само со брод. Орландо Блум и Миранда Кер се одлучија медениот месец да го поминат токму на ова место на карипските острови.

Лос Кабос-Мексико

Игривоста и певливоста на Мексиканците е најзабележителната појава на Лос Кабос. Можете да уживате на плажа, да пиете коктел или пак да се впуштете во авантура на возење со јахта. Гвинет Палтроу и Крис Мартин, Хилари Даф и Мајк Комри, Клои Кардашијан и Лемар Одом се само некои од паровите кои го избраа Мексико за дестинација за меден месец.

Тахити

tahiti 003

Јужниот Пацифик, бунгалови и тиркизна вода. Доколку вака го опишувате вашето идеално патување, Тахити е вистинското место за вас. Кери Андервуд и Мајк Фишер ги поминаа првите брачни денови баш на Тахити.

Париз

Pariz 004

Градот на светлината, уметноста и љубовта. Со неколку зборови: Париз. Многу парови неможат да одолеат на Француската престолнина, а Рис Витерспун и Џим Тот се само дел од многуте.

Костарика

Нема крај на сурфањето, планинарењето, сончањето и авантурите. Ако се одлучите на ова тогаш дефинитивно патот ве води кон Косатрика. Енди Родик одлучил со својата сопруга медениот месец да го поминат во луксуз и авантура која никогаш не се заборава.

Сент Барт

Sent Bart 006

Островот Сент Барт е шик место кое се наоѓа на карибите. Изобилува со француски шарм, бурен ноќен живот и луксуз. Популарната пејачка Бијонсе и Џеј Зи, поминаа незаборавно на овој карипски остров.

Обала Амалфи-Италија

obala Amalfi 007

Ретко кој може да одолее на шармот на Италија. Прекрасно море и стари градби оставени да потсетуваат на времето кое било некогаш. Поранешниот американски претседател Џорџ Буш за својот меден месец ја избра баш оваа дестинација.

Малдиви

Егзотично и недодоливо, тоа се Малдиви. На еден од бројните острови во Индискиот океан уживаа Том Круз и Кејти Холмс, Кети Пери и Расел Бренд и уште многу други.

Објавено:
23 април 2013
Категорија: 
Бела соба