Раскошна колекција венчаници од Зухаир Мурад

19 октомври 2016

Либанскиот дизајнер препознатлив по раскошниот дизајн на свечени тоалети, Зухаир Мурад, за сезоната есен-зима 2017 креираше колекција венчаници со веќе препознатливата негова естетика.

А тоа подразбира луксузен дизајн, многу кристали во украсувањето на венчаниците, женствени силуети, акцент на деколтето, сензулани детали, голи рамена или отворен грб, со секогаш присутната романтична нота...

За промоција на оваа нова линија венчаници, Мурад направи фотосесија во црно-бела варијанта во која фокусот се разбира е на раскошот на неговите венчаници.

Погледнете ги во галеријата во продолжение.

 

Објавено:
19 октомври 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.259 пати