Иако неколкудневната прослава заврши, свадбата на познатата боливудска актерка Сонам Капур и бизнисменот Ананд Ахуја и понатаму е вест број еден во индиските медиуми.

Прекрасната актерка промени неколку фантастични комбинации украсени со соодветни додатоци и многу накит по кој инаку се познати индиските жени.

Покрај тоа што е позната актерка, Сонам важи и за модна икона, поради што нејзините обожаватели со нетрпение ја очекуваа свадбата за да видат во какви комбинации ќе се појави.

Секако, таа не ги разочара. Изгледаше прекрасно во традиционалната црвено – златна облека дизајнирана од Анурада Вакил.

Подеднаков впечаток оставија и нејзините останати комбинации во кои таа се појави на приемот, официјалната забава и за време на изведувањето на сите обичаи по кои тие се познати.

Како што гостите ќе кажат, тие организирале забава за паметење во која инаку сите биле вклучени, за да можат да се почувствуваат како дел од семејството, а не само како гости.

Сосема очекувано, на фотографиите од приемот сите гости изгледаат беспрекорно, облечени во раскошни традиционални облеки кои важат за едни од најубавите во светот.

Младоженецот беше подеднакво атрактивен, облечен во неколку различни костими од кои еден класичен, црн кој го комбинираше со Најк патики.

Во галеријата погоре погледнете дел од гламурозната прослава.

Извор и фото: Instagram, India Times, Popsugar

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.546 пати