Ревијата со познати личности го отвори осмиот „Саем за венчавки“

24 февруари 2018

Хотелот „Александар Палас" е местото што викендов е претворено во вистинска свадбена бајка.
Сите идни младенци во текот на овие два дена ќе имаат можност да ги најдат сите потребни информации со што нивниот најважен ден ќе изгледа совршен.

Од избор на невестински фустан и одело, преку покани, осветлување, фотографија, декорација, изложувачите на годинашниот осми по ред „Саем на венчавки" ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

Домаќин на вечерта беше водителката Александра Велинова. Таа вчера се појави во авангардна, асиметрична креација на „Елена Лука", во пастелно розови, виолетови и бели нијанси, и беше вистинско олицетворение на Пепелашка, во контекст на годинешнава тема на саемот: Принцези од Дизни.

А „Елена Лука“ ќе се погрижи за нејзиниот изглед и во текот на преостанатите два дена од Саемот.
Традиционално, на отворањето вчера, беше организирана ревија. Познати дами и џентлмени, беа во улога на модели, односно невести и младоженци, презентирајќи креација од брендот со кој соработуваат, сакајќи да ја заскокоткаат љубопитноста на публиката.

Јана Бурческа, Зои Блаж, Ивана Хаџиевска, Марјана Стојановска, Дунавка Трифуновска, Даниел Дан, Јелена Богојевиќ, Викторија Лоба, а ревијата ја затвори Тијана Дапчевиќ.

Од она што можевме да го забележиме, венчаниците со светкави материјали дефинитивно доминираат, како и оние збогатени со апликации или рачно пришиена тантела.

Кога се кроевите во прашање, понудата е разновидна и приспособена на различни вкусови.
Салата одишува во пастелни и природни зелени тонови, што ќе бидат актуелни сезонава кога е декорирањето во прашање.

Мажите пак, освен класичните црни одела, во понудата можат да најдат и повпечатливи избори, со одела во боја но во пригушени тонови.

На оние што не беа дел од вчерашното отворање им останува денес и утре да го сторат тоа и да ги искористат поволните саемски понуди во реализирањето на нивната совршена венчавка.

„Антонија Ристовска“ – Јана Бурческа

Светлана Црнокрак

„Ива Ателје“ – Ива Спасовска

Јелена Бoгојевиќ

Викторија Лоба

„Тивес“ – Даниел Дан

„Ателје Форевер“ – Марјана Станојкоска

„Дивајн Дрес“ – Зои Блаж

„Мила Кадриу“ – Александра Пановска Илиевска

„Сињори“

„Кокев“ – Ивана Хаџиевска

„Фешн фор ју’ - Дунавка Трифуновска

„Елена Лука“ – Тијана Дапчевиќ

 

Објавено:
24 февруари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.176 пати