Романтични велови за идните невести

30 октомври 2013

Нема девојка што не сака на својата венчавка да изгледа грациозно, романтично и волшебно. Освен венчаница, велот е детаљ кој дополнително успева да го збогати вашиот свадбен изглед, но не басш сите невести сакаат да го носат. Ако сте од оние што веќе замислиле на венчавката да имаат и вел, тогаш сигурно добредојдени ќе ви бидат неколку модели, но и интересни факти и совети за овој моден додаток. Некогаш постоело верување дека невестата го носи велот за да ја зачува убавината за својот избраник, но исто така служел и како заштитник од злите погледи.

 

Со тек на времето, велот станува се попопуларен, а што пораскошна била венчавката толку и велот бил подолг. Денес, секоја млада избира дали ќе носи или не, дали ќе биде долг или краток. Некои девојки го сакаат повеќе слојниот, други сметаат дека велот не е вел ако не е долг, па дури подолг и од венчаницата. Во секој случај, доколку треба да изберете вел применете го овој стар совет. Ако венчаницата има многу детали, велот треба да биде едноставен, а ако венчаницата е едноставна, можете да изберете повеќе слоен или модел со тантела на краевите. Во продолжение погледнете ги неколкуте модели што ги селектиравме за вас.

 

Објавено:
30 октомври 2013
Категорија: 
Бела соба