Саем за венчавки од 17 до 19 март

9 февруари 2017

Седмиот "Wedding Weekend" или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 17 до 19 март.

За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми(како модели се познати личности) во елегантна атмосфера во холот на хотелот и свечен коктел. Саемот ќе се одржи во трите сали (1700м2сите три хали) на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и други.

Влезницата за саемот е 70 денари, а се купува на самото место и е воедно ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 18-19март од 09 до 21 часот.

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: Mcouture by Mila Kadriu, , модната куќа Елена Лука, Антонија Ристовска,Модна куќа Биљана, Атеље ЏЗЏ, Атеље за венчаници Пепика, Bianka Sposa, Атеље Матра, Драма Брајдл, Елизабет Дизајн,машка мода Сињори, Фешн тримс Дандел,Italian style by Tives, Цептер, , Casamento, Fancy Marriage, Декорации Висаж, цветни декорации Грација, Дуни, Ава Атеље, Ла Фере,Ботега,Мирор ме фото студио,Фото Бут , продукција за свадбена кинематографија Баба3д, , фото Ивама, Тајмлес фото,Палашев фото и свадбени букови,свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, покани за свадба, , ресторан Амор, , ресторан Александар Палас, , ексклузивен накит од Нина Бокс, накит Олимпија кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и др.

На самиот евент ќе има десетина модни ревии, а за добрата шминка и фризура ќе се погрижат од центарот за едукација Ева.Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.мк. За подетални информации contact@vobelo.мк.

Објавено:
9 февруари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
440 пати