Саем за венчавки по 10-ти пат од 21. до 23. февруари

31 јануари 2020

Јубилејниот 10-ти "Wedding Weekend", "Wedding Expo" или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ од 21 до 23 февруари.

Традицијата продолжува што значи дека и оваа година отворањето ќе биде вистински спектакл.

За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми , специјален перформанс со музичка програма, ревија на накит и свечен коктел.

Како модели и оваа година ќе имаме можност да ги видиме нажите познати естрадни дами и господа. Ревијата ќе се одржи во саемските сали (1700м2сите три хали) на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

Модниот бренд Елена Лука и оваа година ќе биде меѓу изложувачите на саемот

Над 50 изложувачи

Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

„Ќе имаме над 50 изложувачи, a учество земаат нашите најдобри дизајнери на венчаници и костуми како и познати интернационални брендови“, велат организаторите.

Три дена забава и богата програма

Саемот за посетители ќе биде отворен од 22ри (сабота) од 09ч-20ч и 23(недела) 09ч до 19ч. Во овој период ќе има богата програма со 12 модни ревии на венчаници, машки костуми и накит. Нема да изостанат и многуте награди за посетителите и големиот број на специјални изненадувања.

 

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
499 пати