Сами изберете ги вашите свадбени подароци

11 јуни 2014

Сигурно додека ја планирате и организирате вашата венчавка потајно сакате да им сугерирате на гостите што точно сакате за свадбен подарок, за да не ви подарат нешто што веќе го имате и слично. Но, сигурно се чувствувате незгодно по тоа прашање. Од пред неколку години некои од младенците собраа храброст на поканите да напишат дека свадбениот подарок го сакаат во коверт, односно подарок да бидат парите. Но, не секој пар се одлучува на вакво директно барање, па затоа во светот веќе се појави тренд кога организаторите и свадбените експерти ги советуваат младенците на поканите за гостите да состават листа на сите потребни производи за во новиот дом. Ова дефинитивно е олеснителна околност како за младоженецот и невестата така и за гостите. Услугата е насловена „Wedding List“ и веќе може да си ја дозволат и идните младенци во Македонија што наскоро ги очекува големиот ден и свечената прослава.

 

Гостите се информираат најчесто преку свадбените покани дека подароците се достапни во салоните на Техномаркет. Тие со помош на продавачите и листата составена од младите го избираат совршениот подарок за идниот брачен пар. Интересно, зарем не!

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба