„Модерни и неконвенционални“, со овие два збора најдобро би се опишале венчаниците од првата ексклузивна колекција на познатата актерка Сара Џесика Паркер во соработка со онлајн продавницата „Gilt“.

Шармантната актерка во колекцијата смести вкупно десет фустани во различни бои, комбинирани со чевли од нејзините претходни колекции.

Фустаните се навистина интересни и необични за свадба, па така покрај невестата, истите можат да ги носат и нејзините другарки, девериците или било кој од гостите.

Со оглед на тоа што самата актерка на својата свадба носеше црн фустан, воопшто не е чудно што создаде малку поинакви фустани од оние во кои сме навикнати да ги гледаме денешните невести.

Во нејзината прва колекција венчаници таа смести фустани и комбинезони, чија цена се движи од 295 до 2395 американски долари. Секое парче е изработено од квалитетен материјал со потекло од Шпанија, Италија и Франција, рачно доработени со везови, украсени со панделки, пердуви и многу други детали.

Во продолжение погледнете ја целата колекција и инспирирајте се за вашата или пак венчавката на некој ваш близок.

Извор: Modamo.info/Vogue.com

Објавено:
24 април 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.545 пати